PERISTERA PRESS

Библија на македонски јазик

Нов завет

Евангелие според Матеј 1

Евангелие според Матеј 1:1–17

1Родословието на Исус Христос, син на Давид, син на Авраам.

2Авраам беше татко на Исак; Исак беше татко на Јаков; а Јаков беше татко на Јуда и на неговите браќа.

3Јуда беше татко на Фарес и Зара, кои ги роди Тамара; Фарес беше татко на Есром; а Есром беше татко на Арам.

4Арам беше татко на Аминадав; Аминадав беше татко на Наасон; а Наасон беше татко на Салмон.

5Салмон беше татко на Вооз, кого го роди Раав; Вооз беше татко на Овид, кого го роди Рута; а Овид беше татко на Јесеј.

6Јесеј беше татко на цар Давид. Давид беше татко на Соломон, кого го роди жената на Урија.

7Соломон беше татко на Ровоам; Ровоам беше татко на Авија; а Авија беше татко на Асаф.

8Асаф беше татко на Јосафат; Јосафат беше татко на Јорам; а Јорам беше татко на Озија.

9Озија беше татко на Јоатам; Јоатам беше татко на Ахаз; а Ахаз беше татко на Езекија.

10Езекија беше татко на Манасија; Манасија беше татко на Амос; а Амос беше татко на Јосија.

11Јосија беше татко на Јехонија и на неговите браќа, во времето на одведувањето во Вавилон.

12По одведувањето во Вавилон, Јехонија беше татко на Салатиил; а Салатиил беше татко на Зоровавел.

13Зоровавел беше татко на Авиуд; Авиуд беше татко на Елијаким; а Елијаким беше татко на Азор.

14Азор беше татко на Садок; Садок беше татко на Ахим; а Ахим беше татко на Елиуд.

15Елиуд беше татко на Елеазар; Елеазар беше татко на Матан; а Матан беше татко на Јаков.

16Јаков беше татко на Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17Значи, сите поколенија од Авраам до Давид се четиринаесет; од Давид до одведувањето во Вавилон — четиринаесет; и од одведувањето во Вавилон до Христос — четиринаесет.

Евангелие според Матеј 1:18–25

18А раѓањето на Исус Христос се случи вака. Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф, но пред да почнат да живеат заедно, се покажа дека е бремена од Светиот Дух.

19Јосиф, нејзиниот маж, беше праведен и не сакаше јавно да ја посрами, па реши тајно да се разведе од неа.

20Додека размислуваше за тоа, ете, на сон му се јави Господов ангел и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не се плаши да ја земеш кај себе Марија, својата жена, зашто она што е зачнато во неа е од Светиот Дух.

21Таа ќе роди син, а ти ќе му го дадеш името Исус, зашто тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови.“

22Сето ова се случи за да се исполни она што Господ го кажа преку пророкот:

23„Еве, девицата ќе забремени и ќе роди син, и ќе го наречат Емануил“, што во превод значи „Бог е со нас“.

24Кога се разбуди, Јосиф постапи како што му заповеда Господовиот ангел и ја зеде кај себе својата жена.

25Но немаше полови односи со неа сѐ додека таа не роди син. И му го даде името Исус.